Законот за забрана на пушењето на јавни места не се почитува на терен, тврдат граѓаните. Се’ поголем е бројот на никотински зависници кои не бираат место и простор каде ќе пушат. Инспекциите задолжени за контрола и казнување на прекршителите на Законот велат дека не заборавиле да прават контроли по оваа основа.
Охриѓани се жалат дека во голем број од угостителските објекти во градов не се почитува Законот за забрана за пушење. Тие велат дека сопствениците, а и гостите како да подзаборавија на ова законско решение кое беше донесено пред две години од страна на Министерството за економија. Од подрачната единица на државниот пазарен инспекторат пак тврдат дека се прават редовни контроли за тоа колку се почитува или не овој закон. Од таму додаваат дека само во последниот квартал направени се 400 контроли и 500 надзори по угостителските објекти. Изречени се глоби во износ од 38 000евра. 16 решенија се наоѓаат во управна постапка, а 12 барања се поднесени до Основниот суд. 16 објекти се затворени поради непочитување на овој Закон. Се пуши и на зимските тераси кои ги има во поголем број од угостителските објекти низ градов. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на државниот пазарен инспекторат, вели дека овој простор доколку има природна вентилација може да се пуши.
Контролирањето на спроведувањето на Законот за забрана на пушење во јавните институции го врши трудовиот инспекторат, во училиштата просветниот инспекторат, а во болниците, здравствениот инспекторат.
Анализите на Светската здравствена организација покажуваат дека Mакедонците се страсни пушачи, односно дека 40 отсто од македонската популација пуши. Антипушачките кампањи се оценуваат како неефикасни, а Законот за забрана за пушење на јавни места засега не ја постигна саканата цел.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град