Законот за Охрид, конечно во собраниска процедура

Иако најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури, нити една од нив досега не го направила овој чекор.

 |  Крсте Голабовски  | 
охрид
Охрид

Иако најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури, нити една од нив досега не го направила овој чекор.

Aleksandar NikolovskiКонечно ќе се донесе нормативната рамка со која ќе се направи обид да се заштити старото охридско градско јадро. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за ТВМ изјави дека веќе изработениот закон влегува во собраниска процедура. По влегувањето во Собраниска процедура се очекува да бидат одржани јавни расправи на кои своите ставови и мислења ќе можат да ги искажат и заинтересираните субјекти, експерти, здруженија на граѓани и сл.

„Во среда на 9-ти март Законот е на комисија за култура каде започнува првата фаза на неговото донесување. Истиот ќе се носи во редовна постапка и тоа во две фази“, заТВМ изјави Николовски.

Со овој закон ќе бидат уредени следните прашања: идентификација на заштитна зона, граници на заштитните зони, контактни зони, режим на заштита и начин на управување со културно – историското наследство. Со законот се уредуваат и три зони на заштита кои практично го опфаќаат најголемиот дел од градското јадро, со акцент на старото дел и неговата непосредна околина. Во врска со тоа дали донесувањето на овој Закон не е малку задоцнето, Пратеникот Николовски потенцира дека донесувањето на овој закон е обид да се минимизира веќе направената штета во сферата на урбанизмот.

„Би бил пресреќен доколку овој закон се донесеше во 90-та, 91-ва, пред почетокот на дивеењето на урбаната мафија“ вели Николовски.

„Овој закон треба да стави ред во урбаното дивеење кое во моментов го имаме во Охрид, на целата негова територија, посебно во делот на старото градско јадро“, потенцира Николовски. Тој додаде дека овој закон ќе помогне во заштитата на она што го имаме како наследство, Но согласно Законот за Локална самоуправа, клучните ингеренции во планирањето на просторот остануваат во рацете на Градоначалникот и Советот на општината.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top