Закон за Охрид

„Законот за заштита на старото градско јадро“, попознат како закон за Охрид, во вторник влегува во собраниска процедура.  Со донесувањето на овој закон, не значи дека нема да се гради, туку дека тоа ќе се прави според дефинирани и јасни правила во насока на зачувување на автентичноста на Охрид, вели пратеникот Александар Николовски.

 |  Татјана Маленкова  | 
mapa
мапа

Aleksandar Nikolovski„Законот за заштита на старото градско јадро“, попознат како закон за Охрид, во вторник влегува во собраниска процедура.  Со донесувањето на овој закон, не значи дека нема да се гради, туку дека тоа ќе се прави според дефинирани и јасни правила во насока на зачувување на автентичноста на Охрид, вели пратеникот Александар Николовски.

„Законот за заштита на Охрид има две точки на заштита. Првата е старото градско јадро или делот кој и досега беше заштитен од завод и музеј- Варош, Месокастро, зоната кај Канео, Кошишта и шеталиштето кај кејот“, додава Николовски.

„ Во овој дел се предвидува комплетна заштита на градбите, 16 те цркви спомениците на културата, комплетна заштита на фасадите на сите заштитени куќи. Нема да може да се градат згради, да се спојуваат објекти и нема да може да се градат објекти, повисоки од постојните.  Со точни дефиниции се објаснува како треба градбите да бидат градени“, вели пратеникот Александар Николовски.

Според нацрт законот за Охрид, во оваа зона забрането ќе е изведување на било какви активности без претходно истражување, изградба на гаражи како посебни објекти, отворени дискотеки, кафичи, тераси. Посебен акцент се става и на забраната за паркирање, несмее да се менува каменот за да се постави бекатон, а секако забрането ќе е  и поствување на билборди и било кави реклами паноа.

Втората зона која ќе се заштитува со закон е првата контактна зона со старото јадро која се протега од Андон Дуков, према Железничка до автобуската станица па према ул Питу Гули па се до кејот.  И за оваа зона има строго прецизирани правила и прописи  за градба кои по донесување на законот ќе мора да се почитуваат.

Дека на Охрид под итно му треба закон со кој ќе се заштити, се сложуваат и од локалната. Градоначалникот Александар Петревски по кој знае кој пат потенцира дека Охрид е поспецифичен град и дека за нас треба да важат други прописи.

„ Охрид би требало да има посебен закон. Ако постоечкиот закон што важи за сите дозволува 70 % искористенот на просторот или максимална висина од 20 и 50 метри и ако барателите ги исполнуваат сите услови вклучувајќи паркинзи, јас неможам да не им дадам, ако некој побара да гради 50 катници. Освен во страиот дел каде се знае дека има семејно живеење и максимална висина П + 2“, вели градоначалникот Петрески.

Пратеникот Николовски потврдува дека законот за Охрид 20 години наназад го ветувале сите влади, министри и пратеници кои го претставувале Охрид.  „Никој досега немал храброст да го донесе, а гледам и зошто“, додава пратеникот од ВМРО ДПМНЕ.

„ Ние кога се занимаваме со политика бараме теми кои ќе ни дадат подршка кај граѓаните. Овој закон не го прави тоа на краток, туку на среден и долг период. Затоа што Охрид по Скопје е најатрактивна грдежна дестинација во Македонија, а по заработка е бр. 1, затоа што нема никаква регуватива. н аградот му се случи урбано дивеење каде заработката од згради  е над 300%, вели Николовски.

За нацрт законот кој го работеа експерти од завод и музеј, дирекцијата за заштита на културно налседство, министрвото за транспорт и врски и пратеници, откако ќе   влезе во собраниска процедура ќе се организираат јавни расправи, на кои граѓаните ќе имаат можност да даваат свои сугестии и забелешки како би се подобрил истиот. Николовски вели дека со овој закон не треба да се очекува дека се ќе биде идеално, но дека во голема мера ќе се заштити Охрид од понатамошна урбанистичка девастација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top