Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

Расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

 |  Јаковлева Лионела  | 
otpadoci
отпадоци

 

Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги.

Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин.јавна чистота

-Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг.

Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не функционира, вели еден охриѓанец.

Непочитувањето на Законот за јавна чистота кој се донесе пред шест години пред се се должи на ниската еколошка свест на граѓаните, но и на затајувањето на службите. Надлежни лица за контрола и инспекциски надзор на спроведување на законот се униформиран полициски службеник, државен комунален инспектор, општински комунален инспектор и комунален редар. Од општинскиот инспекторат признаваат дека имало еден подолг период кога инспекторите ретко излегувале на терен за да го спроведуват законот за јавна чистота, но ветуваат дека работите драстично ќе се сменат. Нивни екипи деновиве постојано шетаат низ градов и контролираат кој се го прекршува законот. Ќе следуваат ригорозни казни и тоа за сите прекршители без исклучоjavna cistotaк. Висината на казната е 50 евра во денарска противвредност или извршување општокорисна работа. Граѓанинот кој ќе го прекрши законот, а место да плати парична казна ќе се реши за општокорисна работа, ќе биде фотографиран пред и по завршувањето на работата. Фотографиите јавното претпријатие или правното лице каде се врши општокорисната работа треба да ги чува најмалку една година од извршувањето на истата.

-Во изминатиов период пред година две  луѓето одеа да извршат општокорисна  работа поради немање можност да ја платат казната. Но се бараа начини како да се прескокне и општокорисната работа со малверзации и со издавање лажни фотографии. Сега за да се избегнат ваквите појави комуналниот инспектор директно ќе го исконтролира лицето што врши општокорисна работа и ќе го слика на лице место. Ќе нема можност за манипулации, вели Николче Милески од Општинскиот инспекторат.

Инаку, овој закон е многу опсежен и опфаќа голем број сегменти кои придонесуваат за зголемување на јавната чистота. На санкции подлежат и правните и физичките лица кои ќе го прекршат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top