Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Билјанини извори-споменик на природата и целосна заштита на Студенчишкото блато.

 |  Мишел Наумоски  | 
Biljanini izvori
Билјанини извори

Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Biljanini izvori 2„Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме во смисол и на промоција и на градот, и на самиот регион.“-вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро.

На средбата се дискутирало и за заштитата на трската околу басенот на Охридското езеро.

„И тоа е дел од разговорот и тука ќе се покрене иницијатива да се вметне во закон, затоа што е таа испуштена од еден закон. Порано постоеше во законот за рибарство од 1994, беше забранета уништување на трската, беше забрането сечење и уништување на трската за што беше предвидена и казна, но за жал сега е испуштен тој член и под итно веројатно пратеникот ќе се заложи да се вметне.“-рече Радован Димитриески од Спортското риболовно друштво-Свети Апостол Петар.

trska И Николоски согласен околу потребата за заштита на трската како значаен сегмент од биодиверзитетот на ова подрачје.

„Значаен проблем е уништувањето на трската, пред се тоа се прави од финансиски и економски причини како би се отвориле пристапни делови кон плажите на Охридското езеро. Во овој момент тоа е работа која што е забранета, но не е соодветно санкционирана, односно не е сакнционирана ниту со Кривичниот закон, ниту може да биде санкционирана во граѓанска парница и заради тоа исто така ќе покренеме соодветни иницијативи за промена на овие закони како би станало ова казнено кривично дело и оние кои што го сторуваат би носеле своја одговорност исто како за пироманија односо подметнување пожари на други подрачја.“-изјави Александар Николоски-Пратеник во Собранието на Република Македонија

Останатите заклучоци кои произлегле од трибината за заштита и управување со Охридското езеро, не биле дискутирани на оваа средба.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top