За наредната среда 29.09.2021 година со почеток во 11:00 часот, во големата сала во зградата на Општина Охрид е закажана шеесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид.
За наредната среда 29.09.2021 година со почеток во 11:00 часот, во големата сала во зградата на Општина Охрид е закажана шеесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид.
На дневниот ред на ова издание на седницата на советот ќе се најдат извештаите за работата и материјално –финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, РЦСОО„Ванчо Питошески“ – Охрид и СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2020/2021 година. Градските советници ќе треба да се произнесат и во врска со предлог одлуките за усвојување на Годишната програма за работа на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид, СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2021/2022 година.
Пред советниците ќе се најдат и Предлог- Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа на јавната општинска установа за деца, Детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2020/2021 година и за учебната 2021/2022 година и Предлог- Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2021/2022 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град