Закажана 28 седница на Совет

Советниците работно, на само два дена од дочекот на новогодишната ноќ.

 |  Билјана Николовска  | 
sednica
седница

OpshtinaЗа 29 ти декември годинава, претседателот на Советот Душко Јаковчески, ја закажа 28 седница. Континуитетот на долгометражен дневен ред на седниците не изостана и овој пат, така што, советниците ги очекува напорна работа да одлчуваат по 39 точки. Меѓу точките, на дневен ред се: предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како и  триесеттина предлог одлуки за усвојување на програми на секторите во општина Охрид, за тоа каде ќе се трошат буџетските средства на градот. На дневен ред на 28 та седница се најде и предлог Oдлука за давање согласност и измени и дополнувања на одлуката за утврдување на цените на услуги што ги врши ЈП „Охридски Комуналец “ Охрид. Со оваа одлука предвидено е укинување на викенд сметките, кои досега се плаќаа еднаш годишно, а отсега, доколку се усвои оваа одлука и викендашите ќе добиваат сметки на ЈП еднаш месечно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top