Загрозени работничките права во Македонија

Работничките права во Македонија, загрозени. Ваков е заклучокот на претставниците на најголемиот Холандски синдикат, како и на експертите за социјално економски развој во јавниот и приватниот сектор од регионов.

 |  Николоска Биљана  | 
unasm
унасм

unasmПравата на работниците во Македонија се загрозени. Најмал е проблемот кај луѓето кои што работат во Државната администрација како и оние кои работат во големите компании, сметаат експертите за социјално економски развој во јавниот и приватниот сектор, од регионов. Зоран Павловиќ, експерт на оваа тема од Босна и Херцеговина нагласи дека состојбата во Македонија по прашањето на работничките права е многу тешка и треба да многу да се работи да се достигне Европското ниво. Додава дека само со партнерство меѓу работодавачите, претставниците на синдикатот, трудовиот инспектор, како и правните регулативи, судството и министерството, може да се смета на напредок на земјава на тоа поле.

„Ја детектиравме состојбата, бидејќи ова е мојот трет извештај кој го работам во Макеоднија. Еден од основните проблеми е примена на законот, законот е работа која лесно се пишува на хартија, хартијата на крајот од краиштата трпи се, но кога ќе дојдете во состојба тоа да го спроведете во живо, во цел на заштита на работниците, наидувате на многу работи кои практично не се предвидени, тоа се тие методи и начини на имплементација и примена на правото во конкретни ситуации“ – вели Павловиќ.

unasmЕрик Клип, претставникот на најголемиот Холандски синдикат кој е ангажиран заедно со УНАСМ, да согледаат како напредуваат активностите на синдикалното организирање, како и да помогнат во работата на УНАСМ, со сличен коментар околу правата на работниците во Македонија.

„Би било полесно да кажеме кои проблеми не се пронајдени. Работничките права се прилично незаштитени, нашето скенирање на состојбата тоа го покажуваат и кај Холандските фирми, кои инвестирале во Макеоднија, и мислам дека тоа е главен проблем на кој треба да и се укаже на Македонија“ – нагласува Клип.

Добро е позната тешката состојбата во Македонија со работничките права, вели Благоја Иваноски потпретседателот на УНАСМ. Тој додава дека тие се присутни точно во малите фирми каде што се најголеми проблемите и кажа дека максимално се ангажираат да ги заштита правата на работниците онолку колку што можат согласно законот.

unasm„Имено сега разговаравме за моделите што се присутни во Европа, значи за да можеме да ја одбегнеме онаа мајоризација на одредени синдикати во Македонија дека тие се мнозински и дека тие можат да одлучуваат, ние сега сме лидери во иницијативата да се разгледаат и да се видат можностите да се вгради во законот за работни односи партиципацијата на работниците во други модели, како што е во Германија, Австрија, Грција,  има модели каде што функционираат работничките совети. Ние ќе покрениме иницијатива да се воведат тие работнички совети со цел двострано да се заштитуваат правата на работниците“ -рече Иваноски.

Деновиве во Охрид во тек е  регионалниот семинар „Социјално партнерство-учество на работниците во развојот и спроведувањето на структурните реформи во РМ, земјите од регионот и земјите од ЕУ, проект поддржан од Европската Комисија и ЕЗА, во организација на УНАСМ.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top