Загина сопатник на мотор, во Пештани

27 годишниот Марко Кабранов, синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна незгода. Немилиот настан се случил на влезот на Пештани на регионалниот пат Охрид – Св. Наум.

 |  Билјана Николоска  | 
nesreka
несреќа

Загина сопатник на мотор. Синоќа околу 1 часот после полноќ, на патниот правец Охрид – Св. Наум, на влезот од Пештани, се случи тешка сообраќајна незгода. На самото место на несреќата едно лице почина, а возачот Владимир Никулески 37 год, се здобил со тешки телесни повреди и искршеници и веднаш бил префрлен во Охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо.

nesrekaНа местото на несреќата сеуште имаше делови од моторот марка „Јамаха ЛС 1100“, со скопски регистерски таблички, две локви со крв, делови на облека патики, очила, како и расфрлан материјал ракавици, најверојатно од вештачењето на стручните тимови и медицинските екипи. По се изгледа немало очевидци на несреќета, бидејќи мештаните од соседните куќи воопшто не слушнале ништо, излегле само кога дошла полицијата и брзата помош. Дел од пештанци воопшто не знаеја за немилиот настан, прв пат слушнаа од нас, но кратко прокоментираа дека на тој дел од патот, поточно таа кривина била многу опасна и тука асфалтот лизгал поради водата која постојано тече и го влажни патот. Настанот е потврден од МВР. Стручните тимови сеуште работат на откривање на деталите за незгодата а врз телото на починатиот ќе се врши обдукција. Увид на лице место извршен е од страна на СВР Охрид, ЗЈО и Истражен судија. Марко. К кој трагично загина синоќа беше на 27 годишна возраст и беше син единец на колега, новинар.

 {loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top