Зафат на око, достапен за сите

Офтамолозите од „Ситина“, го презентира своето знаење и искуство пред своите колеги.

 |  Биљана Николоска  | 
систина
систина

Seminar SistinaОперациите на очи кои до пред некоја година се изведуваа во странство, денес се вршат кај нас. Поликлиниката „Систина Офталмологија“, денес може да се пофали дека работи со добро обучен тим на хирурзи посебно за оперативните зафати од посериозен карактер, вели д-р Виолета Бучкоска Николоска. Додава дека во интерес на пациентите имаат добра соработка со Фондот за здравство.

„Тоа се однесува најчесто за компликација во очите која што настанува кај шеќерната болест, односно пролиферативната дијабетична ретинопатија, исто така и јаблациите односно одлепувањето на мрежницата. Морам да кажам во името на пациентите дека е голема поволност тоа што имаме договор со Фондот за овие операции, кои што се инаку доста скапи интервенции така што на пациентите им е овозоможено во домашни услови и без голем трошок, да се оперираат и да им се направи рехабилитација на видот во зависност нели од состојбата која што ја има внатре во окото. Во текот на нашето двегодишно постоење во соработка на колегите со офтамолозите можам да кажам дека имаме оперирано околу 180 витрактомии што е една солидна бројка и околу 60 абулации значи тоа се пациенти кои што во поранешните услови барале лекување во странство“, вели Бучкоска

Seminar SistinaД-р Билјана Костовска од „Систина Офталмологија“, зборуваше за потребата која се наложила за организирање на еден ваков семинар. Таа потенцира дека после две години работа редно е да се даде отчет и на пациентите, што сработиле односно колку прегледи и хируршки зафати направиле досега користејќи ги искуствата стекнати од странство. Костовска потенцира:

„Покажавме една хирургија која што се работи на светско ниво, значи покажавме хирургија на катаракта, имплантација на нови леќи, природни леќи, имплантација на ристур или мултифокални леќи кои што се многу удобни за пациенти и прикажавме и операции на витерална хирургија која што во светот е исто така многу тешка и многу ретка патологија. Нашите колеги колку што можам да забележам имаат доста позитивен став, се обидовме да го направиме на едно убаво ниво, која ќе продолжи со една раунд-тејбл дискусија во која што дискусија би поставиле едни заеднички прашања, едни заеднички ставови во однос на нашите пациенти, проблеми со кои нашите матични“.

Присутните гости на семинарот, пред се специјалисти од оваа област, сметаат дека убаво е да се присуствува на еден семинар од ваков карактер. Др Наум Трпеноски, истакнат офталмолог во јавното здравство, вели дека секое знаење плус може да биде само од корист.

Поводот на „Систина Офталмологија“ да организира еден ваков семинар е потребата за обединување на знаењето, новите технологии и медицинската офталмолошка пракса, меѓу офталмолозите од Македонија. На стручниот семинар беше и директорот на „Систина офталмологија“, д-р Златко Арнаудовски, кој говореше на неколку значајни теми од оваа област. Семинарот го следеа околу 60 офталмолози од јавното и приватно здравство од земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top