• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Заев: Легализација и декриминализација на канабисот прво во дел од туристичките центри

Заев: Легализација и декриминализација на канабисот прво во дел од туристичките центри

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата, легализација и декриминализација на канабисот.

 |   | 

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата, легализација и декриминализација на канабисот.

Во смисла на декриминализацијата, потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првото полугодие на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни“, рече Заев кој во однос на прашањето, која е основната идеја која се сака да се постигне со легализацијата на канабисот, инсистираше да се осврне на важноста на медицинскиот канабис, кој како што истакна е огромен потенцијал за економски развој.

Тој подвлече дека одгледувањето на медицинскиот канабис е огромна потенцијална економска можност и за оваа опција има поддржувачи од припадници на различни партии.

Заев истакна дека во земјите каде е легализиран канабисот, се чувствува економскиот потенцијал за развој на сите услужни дејности и многу од конзументите се откажуваат од хероин, кокаин, од сите тие тешки дроги.

Премиерот Заев го подвлече и тоа дека во Законот за опојни дроги се предвидува 20 проценти, наместо десет, од данокот на добивка, да одат на децата со ретки болести, за поддршка на здравствениот систем, за поддршка на спортот, културата, на граѓанскиот сектор и за медицински потреби.

Премиерот Заев посочи дека дебатата во јавноста ќе биде отворена и за прашањето за легализацијата медицинскиот канабис, со отворање кафетерии, прво во одреден дел од територијата на државата, како на пример во туристичките центри како Охрид, Струга, Ресен, Дојран, Маврово, Берово, но и Скопје како голем туристички центар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top