Заедно за спас на малечкиот Кирил

Ова слатко единаесетмесечно бебе чиј татко Горан потекнува од Охрид, боледува од многу редок тип на малигден тумор на левата хемисфера од големиот мозок. За неговото лекување се потребни помеѓу 70 и 90 илјади евра во зависност од начинот и ефективноста на лечењето.

 |  Мишел Наумоски  | 
apel

Да му помогнеме на малиот Кирил кој само што зачекори во животот мора да се бори со тешка болест. Ова единаесетмесечно бебе чиј татко Горан потекнува од Охрид боледува од многу редок тип на малигден тумор на левата хемисфера од големиот мозок.

apel za pomosНеговото лекување чини помеѓу 70 и 90 илјади евра во зависност од ефективноста и начинот на лечењето. Средствата се итно потребни бидејќи лекувањето на малечкиот Кирил мора да започне наредната недела во Израел, а семејството Митрески кои моментално се наоѓаат во Киев, не можат сами да ги обезбедат овие средства. Горан и Марија во апелот кој го објавија на социјалните мрежи велат дека би биле благодарни дури и само на морална поддршка и молитви за нивниот син единец. Охридски и струшки музички артисти за помош на малечкиот Кирил ќе одржат хуманитарни концерти.

humanitarni koncertiЈован Куциноски во недела на 28ми февруари на градскиот плоштад како и Бекдор бенд, Дамјан Пејчиноски, Балкан Џем и Бетис бообс во вторник на 1ви март во Ликвид кафе ќе свират од срце за да се помогне колку може во собирање на големата сума на пари потребни за лекување на Кирил.  На нас останува да ја покажеме хуманоста и во недела на градскиот плоштад и вторник со донации и купување на влезница за хуманитарниот концерт во Ликвид кафе да донираме по сто денари за спас на малечкиот Кирил. Сите средства собрани од влезниците како и целокупниот промет од овој настан ќе бидат донирани за лекување на Кирил. Концертот во недела ќе се случува во 13 часот и 30 минути, додека во вторник на 1ви март со почеток од 22 часот.

Дополнително, донации може да се направат и со повик на бројот 070 143 153 на Т мобиле, и донирање средства на денарската сметка со број 37 000 630 546 4561 на Еуростандард банка АД Скопје како и на девизната сметка KIRIL MITRESKI IBAN: MK 073 7000 650 546 4302 SWIFT CODE: ESWBMK22

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top