Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови за зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.
Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови за зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.
Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем.
Свр Охрид, територијалната против-пожарна единица, ЦУК, ЈП „Македонски Шуми“, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции, будно ќе ја следат состојбата на подрачјето на општина Охрид во врска со опасностите од пожари. Ќе се преземаат предвидени мерки за заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти за координирано преземање на натамошни мерки и навремено локализирање. Полициските службеници заедно со шумската полиција ќе имаат превентивни патроли на отворен простор со цел елиминирање на опасноста од предизвикување на пожар и примена на мерките согласно наредбите од ЈП „Македонски Шуми“ за забрането движење во шуми без одобрение односно ограничено и контролирано присуство во шуми. Ќе се врши надзор во претпријатијата што стопанисуваат со шуми, пасишта и на одговорните лица ќе им се укаже за потребата од зајакната контрола на терен за заштита од пожари и примена на законската регулатива.
Предвидена е интензивна соработка со институциите и на регионално ниво за размена на информации во врска настанати пожари, организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки. Посебен акцент е ставен на средби со советодавни групи на граѓани и локални совети за превенција, со приоритетна тема превентивно делување за заштита од пожари на отворен простор и практична реализација на концептот “Соработка помеѓу полицијата и заедницата”. Ќе се реализираат проекти во кои ќе се опфатат мерки за превенција и заштита од пожари со дистрибуција на пропаганден материјал и флаери за едукација, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на населението.
Преку медиумите до граѓаните ќе се доставуваат информации, ќе се укажува на опасностите од пожар како и на превентивните мерки кои треба да се превземаат со цел спречување и справување со настанат пожар. Од СВР Охрид, велат дека посебно ќе работат на пронаоѓање на причините и предизвикувачите на случен пожар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град