Заедно за подобро здравје

Продолжува соработката на Црвен Крст и специјалната болница Филип Втори.

 |  Маленкова Татјана  | 
crven krst ohrid
црвен крст Охрид

 “Заедно за подобро здравје” е караван кој и оваа година ја продолжува традиција, поточно соработката помеѓу Црвениот крст и специјалната болница за хируршки болети, Филип Втори. „Посебно сме горди што сме домаќини на тим од специјалната болнца Филип Втори и што заедно ја реализираме заедничката хумана мисија за унапредување на Човековото здравје“, велат од ОО на Црвениот крст.

„Ова е исклучителна можност да се слушне нешто повеќе за кардиоваскуларните заболувања, дијабетот итн. srce, kardiovaskularni zaboluvanja Нетреба да се пропушти вакво интересно предавање од специјалисти, лекари кои доаѓаат чисто да ги информираат граѓаните, а со тоа и да превенираат вакви заболувања“, вели Мимоза Ставрева, претставник на ОО на Црвен Крст Охрид.

На годинешниот каравен во градовите низ Македонија ќе зборуваат тим на лекари кои доаѓаат од Скопје,  интернисти, ортопеди и уролози кои ќе зборуваат за кардиоваскуларните заболувања и дијабетот. Покрај за самата болет, психологот на Филип Втори ќе се осврне и на психичкиот момент на пацинтите.

„Ќе бидат опфатени двата апекти. Д-р Мими Клинчева специјалист по интерна медицина  ќе зборува за дијабетот поочно кога се појавува, како се појавува како се развива, кои луѓе се склони на дијабет, причините за развој на дијабетот , додека пак откако на едн човек ќе му биде дијагностициран дијабет тој си има своја проблематика и склоп на функционирање како тој на себе да си помогне поточно како психолошки да се носи со таа дијагноза како полесно да помине. Интересн феномен е што пациентите дијабетичари отпрвин имаат отпор да ја земат терапијата  и на тој начин негирајќи ја дијагнозата, со што изтовремено си го влошуваат здравјето“, вели Љубица Наумоска, психолог терапевт во специјалната болница за хируршки болети Филип Втори.

Тимот на лекари од Филип Втори караванот го започна од Струга, по што следуват Охрид, па Струмица, Велес, Штип, Гостивар, Тетово и Битола.

Од црвениот крст и од специјалната болница велат дека неуморните залагања за унапредување на здравјето на човекот се оние кои постојано и непречено ги мотивираат овие две институции да спроведуваат бројни активности со кои придонесуваат за подобро здравје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top