Порше-Македонија и Прокредит банка со здружени сили ќе го олеснуваат купувањето на автомобили. Тие го промовираа својот проект пред градската фонтана, каде граѓаните можеа подетално да се информираат за условите кои ги нуди овој проект.
Возилата од Порше-Македонија кои беа паркирани пред чинарот дефинитивно го привлекуваа вниманието на случајните минувачи.
Се работи за нови возила од добро познати брендови. Кампањата го носи мотото „Ние го движиме вашиот бизнис“. Оваа акција е насочена кон правните лица како дел од политиката на Порше-Македонија и Прокредит банка за подршка на малите и средни бизниси.
Овој проект се промовира низ целата држава, со цел подобро да ги запознае бизнисмените со поволностите кои произлегуваат од заедничкиот настап на Прокредит банка и Порше-Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град