Разводот значи прекин на бракот но не значи и прекин на доживотно и одговорно родителство. Во таа насока група родители покренаа иницијатива за измена на Законот на Семејство при што бараат овозможување на заедничко и одговорно родителство и по развод, како појдовна основа за најдобар интерес на детето кога неговите родители се разведуваат. Оваа иницијатива е поддржана од првата детска амбасада „Меѓаши“.
Заедничко старателство и одговорно родителство и по развод. Група родители неодамна покренаа иницијатива за измени на Законот за семејство. Оваа иницијатива беше поддржана од првата детска амбасада „Меѓаши“. Директорот Драги Змијанац за ТВМ изјави дека основната причина за отпочнување на иницијативата како предлог закон за измена за воведување заедничко родителство по развод е да се надминат проблемите кои ги имаат родителите по прашање за уредување на времетраењето на видување на едниот или другиот родител кои се развеле по однос на чување, згрижување и воспитување на детето. Според него децата имаат право и заслужуваат квалитетно и одговроно родителство и по разводот на нивните родители.
„Има помалку проблеми кога родителите доброволно се договараат за динамиката на заедничо видување, чување и згрижување, но проблемот настанува кога тие не можат да се договорат како подеднакво квалитетно и одговорно да го реализираат родитествувањето кога ќе се разведат, често родителите не можат да се договорат околу одржувањето на лични контакти со детето и тогаш настапува хаос, секој со својата приказна колку е добар родител колку другиот е лош не водејќи сметка дека таа нивна дисхармонија, дисфункционалност и војување ја отежнува и докомплицира и така ранливата состојба во која се наоѓа детето кога гледа дека неговите родители се разведуваат партнери но не и како родители“.
Змијанац кажа дека не ретко преку СОС линијата добивале обвинувања за нефункционалност на системот, односно слушале засегнати детски судбини без разрешница, во најдобар интерес на деца кога нивните родители се разведуваат. Тој појасни кои би биле придобивките од измена на законот за семејство и воведување заедничко родителство.
„Иницијативата за законски измени во насока на овозможување на родителство со полн капацитет на двата родители и по развод а со цел родителите еднакво да се грижат за детето. Придобивките се во најдобар интерес за детето и неопходно е родитеите еднакво да се грижат за него такви се и препораките од Комитетот за правата на детето а во смисла на тоа да се најде најдобро решение за детето кое се наоѓа во конфликтна зона на родителите кои не можат да се договорат. Надлежните судови, стручните тимови во центрите за социјална работа при оценување на доверување на детето на чување и воспитување, треба да тргнат од позиција дека двајцата родители треба заедно и непосредно да го извршуваат родителското право“
Дека треба да имаа измени во Законот за семејство согласни биле и претставниците на Министерството за труд и Социјална политика, кои, како што нагласи Зимијанац признале дека ваквиот модел одлично функционира во Скандинавските и другите земји, па дури и во Индија и Пакистан. Доколку се измени Законот за семејство, Центрите за социјална работа ќе имаат полни раце работа бидејќи би настанал процес на обновување на претходното доверување да едниот родител кој има полно право на родителствување а другиот ограничено.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град