Зачувување на културното наследство за туристички бум во регионот

Конзервацијата на историските европски градови, во кои спаѓа и Охрид-еден од приоритетите на Европската унија. „Вашиот град како дел од светското историско наследство е типичен пример за европски историски град“.-вели Штефан Демпке-координатор за туризам и наследство при организацијата Џирокастро за развој и конзервација.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohrid
ohrid

RobevciПрепознавањето на важноста на историското наследство е клучот за неговото зачувување. Охрид со целата своја историја е неодминлив дел од светското културно наследство кое вреди да биде зачувано. Европската унија во обид да ги зачува културните вредности го започна проектот „Европски вредности и наследство“. Штефан Демпке од организацијата Џирокастро за развој и конзервација вели дека носителите на одлуки во Западен балкан, треба да обрнат внимание на своето културно наследство и да се обидат да спасат нешто што има огромно значење за нив.

shtefan Dempke„Европскиот град е нешто уникатно, нешто што Европа ја прави поинаква од остатокот од светот. Начинот на кој европските градови еволуирале, начинот на кој еволуирале рачните занаети и сите занаети воопшто во овие градови како јадро на економската активност, старите типови на куќи, целата изработка на градовите е уникатна за Европа и сакаме да го фокусираме вниманието на носителите на одлуки да ги одржуваат овие историски градови.“-рече Штефан Демпке-Координатор за туризам и наследство-Џирокастро.

Како дел од културното наследство на западниот балкан, големо значење имаат и рачните изработки кои се препознатливи за нашиот регион, а кои можат да бидат и одличен извор на приходи.

„Туристите сакаат чисто езеро, туристите сакаат прекрасна околина, услуги, туристите ги ценат автентичните и висококвалитетни рачни изработки.

Ana AsimakopulusПоради тоа Европската комисија ја подржува оваа иницијатива која ни овозоможува да ги размениме најдобрите практики за да се развијат долготрајни врски помеѓу нашите земји и нашиот регион за наша заедничка корист.“-вели Ана Асимакопулос-Егнатиа Епирус Фондација-Грција

Зачувувањето на оригиналниот изглед на ваквите историски градови во кои неодминливо припаѓа и Охрид, е една од најважните задачи кои мора да се спроведат за економски развој на регионот. Иако веќе станува досадно да се потенцира значењето на културното наследство за развој на туризмот, тоа е нешто што мора да продолжи се додека не се прифати дека тоа е факт кој мора да биде земен во предвид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top