Секоја година пред почетокот на летната сезона, се интензивираат сервисните интервенции на водоводната мрежа во градот и приградските населби. Станува збор за тековни проверки, пробивање на водоводните цевки, зафати кои минимум еднаш во годината мора да се спроведат, вели Влатко Ивановски раководител на Одделението за одржување, во Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид. Ивановски додава дека претходно се прави договор со сите институции и се информира јавноста.
Од „Нискоградба“информираат дека години наназад, приградската населба Трпејца, се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Оваа година во Трпејца беа поставени 1100 метри водоводна мрежа, која не беше конектирана, па поради тоа поголемиот дел од службите на ова јавно претпријатие се веке таму, за да во наредните конечно се реши проблемот со водоснабдувањето во оваа приградска населба, кажа Ивановски.
Така, прекин во снабдувањето со вода во познатата туристичка населба ќе има на 23.06. и на 24.06.2011 год., четврток и петок во периодот од 08:00 – 16:00 часот,а во текот на ноќта ќе има намален притисок. Зафатите продолжуваат и во централното градско подрачје, па така на поплаки од граѓаните за намален притисок, се интервенира на улиците „Питу Гули“, „7-ми Ноември“. Од Ј.П.-ја Проаква и Нискоградба потенцираат дека будно ке се следи состојбата за време на сезоната се со цел водоснабдувањето се одвива во најдобар ред.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град