Во текот на годинешнава туристичката сезона, Министерството за транспорт и врски воведува забрана за движење на камиони на патот Скопје–Кичево–Охрид.
Во текот на годинешнава туристичката сезона, Министерството за транспорт и врски воведува забрана за движење на камиони на патот Скопје–Кичево–Охрид за време на викендите. Во петоците забраната ќе важи од 17 до 24 часот, а во сабота и недела од 7 до 24 часот. Забраната за камионите ќе важи од 1 јули до 31 август годинава.
За регулирање на сообраќајот и воспоставување на забраната, соодветни сообраќајни табли ќе бидат поставени долж целата делница од Скопје до Охрид, соопшти Министерството за транспорт и врски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град