Македонистот – академик Виктор Фридман заборавен и од Охрид и од државата

Познатиот, светски македонист Виктор Фридман оставен на маргините и од државата  и од општина Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Академик Фридман скоро 40 години го афирмира и  промовира  македонскиот јазик во светот, и години наназад учествува на меѓународниот семинар за македонска јазик , литература и култура во Охрид. Но, и  по завршување на годинешниот меѓународен семинар никој не се сети да му одаде признание за неговите  заложби. За неговиот голем придонес сведочи и професор д-р Вера Стојческа  Антиќ македонски славист и близок соработник на  Фридман.

Професор Антиќ истакнува дека академик Фридман е постојано присутен во Македонија. Пред два месеци  во Ману за прв пат  беше промовирана книга  посветена на него под наслов „Научното дело на академик Виктор Фридман“ приредена  од професорката Антиќ. Таа го потенцира и случајот кога во јули тој беше нападнат од грчки националисти промовирајќи го македонско –грчкиот речник во Атина.Според градоначалникот Александар Петрески, Виктор Фридман не може да стане почесен граѓанин на Охрид, местото  од каде што 42  години по ред се промовира Македонскиот јазик и култура. Смета дека тоа е работа на државата, а Фридман може да биде предложен како добитник на Св.Климентовата награда. За почесен граѓанин на Охрид, се прогласуваат личности кои придонеле  исклучиво за Охрид“ истакнува Петрески. Советот на општина Охрид, досега проценил дека признанието почесен граѓанин на Охрид  го заслужиле две личности,  македонскиот стопанственик Минчо Јорданов и италијанскиот уметник Винченцо Бјанки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top