• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Со игри и смеа, првоодделенците од „Христо Узунов“ го одбележаа Светскиот ден на спортот

Со игри и смеа, првоодделенците од „Христо Узунов“ го одбележаа Светскиот ден на спортот

Здружението „ОХ Спорт“ заедно со активот по физичко воспитување на ова училиште, а во организација на Македонскиот олимписки комитет, на дечињата им овозможија еден отворен час на кој тие можеа да видат како треба да изгледа еден спортски час.

 |  Мишел Наумоски  | 
deca ou hristo uzunov
деца оу христо узунов

Со забавни игри, аеробик, музика и смеа, првоодделенците од основното училиште „Христо Узунов“ денес го одбележаа Меѓународниот ден на спортот. Тие во спортската сала во рамките на училиштето, уживаа во еден забавен час водени од професорите од активот по физичко воспитување од училиштето „Христо Узунов“.

svetski den sport„Правевме вежби со главата, со рамената и со струкот.“

„Ние вежбавме  за нозете, за колената и за грбот, и за главата,  и супер си поминав и најзабавно ми беше денес.“

„Вежбавме вежби за грбот, за нозете и се забавувавме.“-рекоа дел од дечињата.

Денешниот хепенинг на дечињата им го овозможија здружението „Ох спорт“ заедно со Македонскиот олимписки комитет. Иван Цветкоски од здружението „Ох спорт“ вели дека за нив спортот значи енергија за живеење и изрази надеж дека ќе успеат таа енергија да ја пренесат и на сите граѓани.

igri svetski den sport„Организацијата во ОУ „Христо Узунов“ го презеде здружението „Ох спорт“, здружение кое е во фаза на формирање и кое што ќе се занимава со развој на спортот пред се во детската популација. Како партнери на МОК денеска ќе одржиме еден отворен час со учениците од прво до 5 одделение, заедно со учителката Лидија Цветковиќ, ќе демонстрираме како треба да изгледа еден час и што значи спортот пред се за најмалата популација.“-вели Иван Цветкоски од Здружението „Ох спорт“.

Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоноски, вели дека им е навистина драго што се единствено училиште од Охрид кое е дел од програмата на Македонскиот олимписки комитет, за одбележување на денешниот ден. Потенцираше дека спортот и физичкото воспитување се особено важни за најмладите.

sport ou hristo uzunov„Во нашето училиште постојат спортските секции, овие згради исто сакам да напоменам дека се градени пред четириесетина години, меѓутоа спортот веќе треба и мора да навлезе и во помалите генерации, од прво до четврто одделение, каде што веќе се трудиме да направиме и нова спортска сала за тие генерации, односно да изградиме една здрава и нова личност во нашето училиште.“-рече директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоноски.

Инаку Меѓународниот ден на спортот е прогласен во 2013та година, а од минатата година се прославува насекаде во светот. Во организација на МОК, овој ден се прославува во четири општини во Македонија, односно во четири основни училишта.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top