На Сдсм му требаa месец и половина за да ги убеди Нсдп, Вмро народна партија, независните советници Љупчо Настоски и Владо Цветкоски да му ја дадат подршката во советот.
На Сдсм му требаa месец и половина за да ги убеди Нсдп, Вмро народна партија, независните советници Љупчо Настоски и Владо Цветкоски да му ја дадат подршката во советот.
Со тоа социјал демократите кои освоија 7 советнички места добиваат уште 6 гласови и го имаат мнозинството во советот. Твм дознава дека за возврат лојалните партии и советници ќе добијат места во надзорните и управните одбори, раководни функции во охридските училишта и во општината. Во врска со директорите на јавните претпријатија „Проаква“ и „Комуналец„ ситуацијата остнува непроменета , додека првата фотеља на Јп за стопанисување со спортски објекти „Билјанини извори“ како што веќе информиравме, е наменета за кадар од Народна партија. Инаку Сдсм не само што го има мнозинството туку и првиот човек на охридскиот совет е од неговите редови.
Тоа не е директорот за сообраќај на аеродромот „СВ. Апостол Павле“, Томислав Тунтев чие име беше споменувано во изминатиов период, велат партиски извори за ТВМ. По ова прашање дефинитивно ќе се одлучи на состанокот на Сдсм кој ќе се одржи вечерва бидејќи седница на советот е закажана за в четврток. Нам ни останува да им посакаме среќа на советниците и советот и да им порачаме да мислат на граѓаните кога ќе ги носат одлуките бидејќи тие ги избраа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град