УЗ Воска подготви свечено испраќање на првачињата во училиште. Советот на УЗ 3 „Воска“ размислувајќи што да направи за да ги зближи луѓето од овој дел на Охрид, одлучи да организира забава за најмладите.
„ Се погриживме да има музика, соодветни мали поклони, естрадни ѕвезди. Ѓоко Танески, Наум Петрески, Миланка Новеска, женската пејачка група од пензионерките… баравме од сите етнички заедници да облечат дечиња во својата национална облека. Колку успеавме во тоа незнам, но еве нашата свеченост се поклопи со празникот Бајрам“, вели претседателот на УЗ Воска Илија Магденески.
На прославата присуствуваа 52 првооделенци со своите родители, баби, дедовци. Блага Јолакоска е жител на Воска која со задоволство раскажува за соживотот во оваа населба. Таа открива дека нејзиниот син бил во првата генерација дечиња кои учеле во општинското основно училиште на овој дел на Охрид кое е испостава на основното училиште Св. Климент Охридски.
Јолакоска ја поздравува заложбата на УЗ и подршката на локалната самоуправа, но забележува зошто никој не превзема ништо за да го поправи училиштето и руината веднаш до него.
Одговорот на ова прашање веднаш пристигна од градоначлникот. Петрески ги образложи плановите на локалната за ова училиште, но пред тоа на сите дечиња им посака многу успех во новата 2011/2012 год.
„ На сите првооделенчиња бе разлика во кое училиште се запишани, од која националнот се, ги повикавме на мала забава со цел да им посакаме успешно школување. Училиштето е во близина на хотелот Магнус и е под ОУ Св. Климент Охридски. Иако немаме економска оправданост го сочувавме ова училиште како испостава на Св Климент Охридски за да можат децата тука да учат, а не да се запишуваат во други училишта“, вели градоначалник на Охрид, Александар Петрески.
Градоначалникот додава дека сеуште се размуслува дали локалната да го реновира оваа училишна зграда или пак на нејзино место да се направи комплето нова.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град