Со знак прашалник останува врачувањето на престижната општинска награда, повелбата и плакетите „Св. Климент Охридски“ на заслужните граѓани, прогласени на 9 декември минатата година. Лани, доделувањето беше пропратено со политички скандал и добитниците на повелбата и плакетите останаа со празни раце. Доктор Томислав Тунтев до претседателот на Советот поднесе неотповиклива оставка на функцијата претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија. Тунтев искажа незадоволство од работата на Комисијата и настојувањето да се исполитизира духот на наградата и името на патронот на Охрид со доделувањето на наградата на некои од добитниците. Потоа, претседателот на охридскиот совет Душко Јаковчески ја откажа свечената седница и доделувањето на наградите. Со тоа одлуката за доделување на Св Климентовата награда остана непоништена, а наградите не се врачија. Тогаш од страна на локалната самоуправа беше ветено дека сепак добитниците наградите ќе ги добијат на 8 август, кога охриѓани го чествуваат летен Св. Климент. Сега останува нејасно дали забаеното доделување на наградите, ќе биде и заборавено.
Комисијата за награди и по осум месеци не нашла време да го разгледа ова прашање, а не е избран ниту нов претседател, по оставката на советникот Тунтев.
Од локалната самоуправа велат Комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија ќе се состане на почетокот од идната недела. Никој со сигурност не знае каква одлука ќе биде донесена. Останува крајно неизвесно што ќе се случи со наградите и дали тие конечно ќе завршат во рацете на претходно објавените граѓани.
За некој од добитниците Св Климентовата награда веќе е подзаборавена. Велат сеедно ни е, дали ќе ни ги доделат наградите или не, задоволството спласна, ама ние ќе продолжиме да работиме и ќе останеме она што сме.
Инаку добитници на наградата за 2009 година се Професор Милена Главинчева, архитект Димитар Зарчев и пратеникот Цветко Грозданов. Тројцата требаше да ја поделат наградата Св. Климент Охридски за животно дело и врвни достигнувања во своите области за афирмација на Охрид, во Република Македонија и надвор. Плакети требаше да добијат алпинистот Мишко Танески кој минатата година го освои врвот Ајланд Пик на Хималаите, познатиот угостител Љупчо Патчев за бројни хуманитарни дела и ОМУ „Методиj Патче“ за големата афирмација на Охрид, на натпреварите дома и во странство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град