За зетот и невестата…

Отвореното писмо од една револтирана охриѓанка до Градоначалникот, Г-дин Александар Петрески.

 |   | 
vencavka
венчавка

Во продолжение го пренесуваме писмото доставено до редакцијата на ТелевизијА ТВМ од нашата сограѓанка Катерина Белеска, со наслов „Охрид град на старци или луѓе без иницијатива“

„Почитуван Градоначалник, Ве молам излезете на миг од своите“одаи” и прошетајте по општинската зграда, конкретно Ве молам присуствувајте без најава на едно стапување во граѓански брак.Што ке видите?Ќе видите една точно десетминутна монотона ,летаргична сесија,која модерно се нарекува “регистрација” без капка свечаност,оптимизам и емпатија од страна на матичарот и советникот,нажалост како да влегуваш во мрак,а не во брак.Верувам дека на истите им е тешко што истото го работат со години,но секоја професија не носи само задоволства.

А да биде уште пострашно сето тоа се организира во петок,во работно време на матичарот,па се закажуваат едно 10-20 венчавки сериски,колку да поминат на редот.Не дај боже да ги замолиш за венчавка во сабота или недела,тоа ти е како да им вршиш притисок.Одма имаат одговор да им се донесе свечена покана ѕа свадба на увид,божем тие се компетентни да извршат ревизија дали навистина организираш свадба.Ретко некој брачен пар се венчава во тајност без присуство на своите најблиски на ваков свечен чин.Однеодамна слушнав и дека се наплаќало за закуп на салата,која патем речено исто безлично изгледа и за радост и за жалост.Да,да можеби за матичарите,советниците и некои други стапувањето во брак е „проформе„,но жалосно е тоа што само во нашиот модерен град сето тоа е толку тривијално и беззначајно.

А да не „прајме муабет„ дека Охрид е сепак мултиетнички град,па сите не се венчаваат „свечено„ во црква.Кому му „текнало„ дека венчавката во црква треба да е посвечена од стапувањето во граѓански брак и излишно е да се коментира кој брак е заштитен со закон.И што направивме со младите во градов,ги изгњавивме со закажување на термин за венчавка,набрзина ги тургаме во брачни води и додека не се освестиле уште да им наплатиме како да се „криви„ што сакале да ја крунисаат својата љубов пред матичарот,во старата,излитена и монотона сала.Па право да ви кажам ако се сака за се се има решение,ако неможе да се даде свечена нота во општинската сала на сето тоа,тогаш што му фали на матичарот да ги венча во ресторанот каде организираат прослава,или пак колку прекрасно изгледа Белград напролет кога се венчаваат неколку стотини двојки пред очите на сите граѓани и тоа надвор,со еден матичар.Дајте малку простор за флексибилност Ве молам..Да,да прошетајте се слободно и запрашајте се што направивте за младите луѓе во градов ил
и сите треба да се осеќаме како предвреме пензионирани после летаргичниот говор на матичарот. Почитуван Градоначаник,празникот Водици е свет ден за сите христијани,а посебно значаен за Охрид.Од пред некоја година се именуваат и кумови за истиот ден,наиме и вие бевте кум пред некоја година.Па дали сите вие сте свесни што всушност значи кумството.Со вас треба да се идентификуваат младите.Но нажалост и на тоа поле слаба организација.Сведоци сме на целомесечното претставување на кумовите на јавноста кои секој ден се состануваат и „банчат„ по кафеани,наместо да промовират хумани дејности достојни за христијаните,какви проповедал и самиот Исус Христос чие крштевање и го славиме.А од сето тоа „трули„ новинарски приказни цел месец,големи најави за она што ќе го сторат,а тие пак во помпезна мисија го посетиле ни помалку ни повеќе,туку одделот за Геријатрија.

fotografiiНемам ништо против тамошните пациенти,но како млади луѓе очекував малку повеќе иницијатива од нив.Сте се запрашале ли Вие,а и сите останати во овој Охрид,колку болни на дијализа има овој град,од кои голем број се средовечни или млади луѓе кои се трудат и да заработат за своите семејства и колку деца со мултифункционални пречки во развојот има на кои им е потребно многу повеќе од една „обична„посета.Пред се на овие луѓе им е потребен организиран превоз до местото на лекување и тоа подолгорочно.независно од временските прилики и нивната здравствена состојба.Дали сте запознати дека Охрид е меѓу ретките градови кои немаат организиран превоз за тие болни.Значи пак заостануваме.Не мислам дека кумовите можат да сторат нешто по повод на ова,но како млади здрави луѓе требаа да „легнат„ на празникот водици во шаторот на Црвениот крст и да даруваат „живот„ некому,т.е.да дадат по една ќеса крв.На наведените болни,а и пак на многу други ќеса крв во некои ситуации навистина значи живот. Сматрам дека со тоа би добиле многу повеќе во очите на народот. Од сета оваа приказна го изземам минатогодишниот кум Др.И.Балевски,на кого треба да му се заблагодарите само за прифаќањето на улогата кум,со оглед на неговата професија и стручност во истата незнам само како се нашол во ова друштво.Самиот вероватно знае колку „одговорија„ на должноста минатогодишните кумови.А Вие кој се нарекувате „татко„ на градот распрашајте се колку значајно за еден туристички центар како Охрид,да има центар за дијализа.Незнам само што и како ве советува вашиот советник за здравство во општината.Не е на одмет да се напомене и можноста за собирање на парични средства во фондови чија намена ќе биде да се помогне некоја операција на лица на кои им е потребна,како што е трансплантација на органи и сл.И повторно се навраќаме на прашањето дали Охрид е град на старци или на луѓе без иницијатива. И да не ја должиме приказнава во недоглед,оти пропусти нажалост има во секоја сфера.Но запрашајте се дали нешто направивте за младите луѓе во овој град или пак планирате да направите во скора иднина.Охрид не е град на старци,сеуште живеат млади луѓе во него на кои им е потребно многу повеќе од банчење по кафани и промоција на „хумани„ дејности.„

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top