Од Управата за заштита на културното наследство пристигна известување за нивните ставови за постапката за донесување на Деталните урбанистички планови за Табана и Ривиера, кои се на дневен ред на седницата на Совет во среда.

Во известувањето потпишано од директорот Паско Кузман стои : во текот на изработката на двата детални урбанистички планови на барање од Општина Охрид , Управата во 2008 година дала свое мислење по предметните планови за Табана и Ривиера. Во нив имало повеќе забелешки за вграденоста на заштитно- конзерваторските основи во нацрт плановите. Досега до Управата за заштита на културното наследство не е пристигнато повторно барање мислење за вграденсота на основите за плановите. Со тоа Управата не констатирала усогласеност на планските решенија со пропишаниот режим на заштита во заштитно-конзерваторските основи.
Од Управата, уште еднаш укажуваат на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство. Од овој закон произлегуваат и одредени обврски за Општината, но според сознијата на Управата досега нема спроведено никакви активности иако законските рокови завршуваат во април 2012 година, стои во известувањето на Управата за заштита на културното наследство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град