За спасителите на плажа полни раце работа

И ова лето за спасителите на плажа полни раце работа. Само досега имале над дваесет интервенции за спасување на давеници. Бројот пак на укажана прва помош на капалиштата е мнопгу поголем. Се апелира до сите капачи да ги почитуваат правилата и да посетуваат плажи кои се безбедни.

 |  Јаковлева Лионела  | 

14 интервенции на извлекување на давеници од езерото на охридското крајбрежје, пет во Струга и две на Преспанското езеро. Тоа е билансот од работењето на спасителите на вода од Црвен крст Охрид од почетокот на сезонава па до денес. На Охридското крајбрежје има 35 плажи но само на 22 од нив има спасители на вода. Во Струга пак само пет капалишта се обезбедени со спасители на вода, а на Преспанското само четири плажи.

Секоја година со истите проблеми се соочуваме, со недостаток на разбирање, одговорност, професионалност од страна на оние кои ги концесираат плажите и кои ги имаат под закуп. Не навлегувам во правната регулатива и во тоа дали оваа година концесиите се со договори или не се, имаат потпишано договори или не бидејќи тоа во случајов не е важно. Тие мора да се грижат за безбедноста на капачите и капалиштата и таму каде што ние сме ангажирани тоа и го правиме, вели Сашо Точков, претседател на ЦК Охрид.

Немилите настани на плажа најчесто се случуваат од невнимание на самите капачи и на корисниците на капалиштата. Волонтерите на Црвен крст покрај што спасувале давеници имале и голем број интервенции од прва помош. На охридскиот дел околу петстотини, 250 на струшкиот дел и околу стотина на Преспанското езеро.
Aпелирам до сите оние кои доаѓаат на Охридското езеро прво да ја користат водата затоа што е чиста и добра за капење, но да внимаваат на сите оние препораки кои што ги даваат спасителите на капалиштето, да пријават доколку имаат деца кои се непливачи или доколку самите тие се непливачи или доколку имаат некакви здравствени проблеми. Да не влегуваат наеднаш во вода туку предходно да се разладат, да не влегуваат во вода под дејство на алкохол и да се капат на оние плажи каде има спасители на вода, советува Точков.

На плажите на трите езера ова лето се ангажирани околу 40 обучени спасители кои секојдневно се грижат за безбедноста на капачите на оние плажи кои ги имаат ангажирано. Останатите плажи кои немаат спасители останува самите капачи да си ја преземат одговорноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top