Winter bike to work day

Денес (10.02.2017) по 5-ти пат се случува меѓународната акција „Winter bike to work day”, a по трет пат истата ќе се одбележи и во Скопје.

 |   | 

Денес (10.02.2017) по 5-ти пат се случува меѓународната акција „Winter bike to work day”, a по трет пат истата ќе се одбележи и во Скопје.

Целта на овој ден е популаризација на возењето точак во зима. Граѓаните меѓусебно се охрабруваат и се регистрираат на сајтот:
http://winterbiketoworkday.org/ каде има светско пријателско натпреварување меѓу градовите. Од оваа година пријавувањето може да се врши и на македонски јазик: http://winterbiketoworkday.org/mk/commit2017/.

Додека пак, различните компании, училишта, факултети, клубови, локали, организации итн. на креативни начини (преку натпревари, награди, различни поволности) го поддржуваат возењето велосипед во зима.

Од Скопје, досега, во акцијата се вклучија 7 локали со различни поволности за оние кои утре ќе ги посетат со велосипед и овој број постојано го надополнуваме во блог-постот <http://natochak.blogspot.mk/2017/02/winter-bike-to-work-day-2017-skopje-3.html>
и Facebook настанот <https://www.facebook.com/events/401793746833850/> како што се пријавуваат нови.

Нашите благи зими се сосема соодветни за возењето точак да не престане преку целата година. Со соодветна облека, соодветна опрема за точакот и заштитна маска за деновите кога воздухот е загаден, возењето точак може да трае 365 дена во годината.

Ги поттикнуваме нашите сограѓани да пробаат да возат точак во зима, макар на овој ден, и да ги искористат поволностите кои локалите ги нудат како вело-пријателска поддршка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top