WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“, промовиран во Струга

Претприемништвото секогаш има потенцијал и нуди можности, доколку се препознае. За жал во нашата земја сеуште е мал бројот на жени претприемачи. Денес во Струга се одржа промотивен настан на проектот WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“.

 |  Николоска Биљана  | 

Проектот WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“, денес беше промовиран во Струга. Активностите на овој проект вклучува повеќе активности кои се насочени кон подобрување на конкурентноста на македонската економија преку охрабрување на женското претприемништвото, извозот и иновациите, вклучувајќи го ИКТ и СТЕМ секторот, зелената економија, како и социјалното претприемништво. Претседателот на Здружението бизнис жени на Македонија Валентина Дисоска истакна дека сеуште е мал процентот на жени претприемачи околу 20 %

„Најголем број се во микро и малиот сегмент ние ставаме и еден нов сегмент нано, бидејќи повеќето од нив се само вработени и не одат кон раст и развој на компанијата така да и тука влегуваме во тој микро и нано сегмент. Овој процент во принцип не задоволува, ако погледнеме дека економијата може и мора да расте преку микро и малиот сегмент, а нашиот народ ако видиме дека проблем е вработувањето зошто да не го искористиме и тој момент и да речеме дека самовработувањето и претприемништвото ќе ни биде таа насока ов животот преку кој што ние ќе заработуваме“.

Свој осврт на женското претприемништво во Струга и регионот даде Марија Симјаноска локален координатор за проектот. Таа смета дека жени претпримеачи има доста но сепак бројот може да се зголеми бидејќи помалите средини се некако поскептични во однос на основање на сопствен бизнис и развиток бидејќи како помала средина има и помалку можности.

Затоа сме ние тука малку да ги поттикнеме да дадеме пример а исто така и една севкупна поддршка во соработка со институциите да можеме да го поткренеме претпримачкиот дух кај помладите а исто така и кај оние кои што веќе работат.

Жените претприемачи кои зад себе веќе имаат едно богато искуство сметаат дека не е лесно да се почне од игла, додавајќи дека со истрајност и упорност може да се постигне успех со кој денес се гордеат.

„Многу е тешко, бидејќи жената има обврски и дома и со зголемување на семејството и годините се зголемуваат и обврските, а и државата каква што ни е имаме се поголем притисок и не е едноствано“.

Проектот е наменет за младите девојки и жени, потенцијалните и постојните претприемачи, како и заинтересирани страни од државните институции и граѓанското општество. Проектот ќе биде имплементиран во Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје. За време на овој проект активно ќе бидат споделени најдобрите практики од Хрватска и ЕУ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top