-Поздравувајќи ги учесниците, посебно истакнав дека општина Дебрца располага со идеални терени за организација на планински велосипедизам, а особено пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, Стогово со Бабин Срт, со своите природни убавини и недопрена природа е еден од најдобрите во Македонија за организирање на планинска велосипедска тура. Посебна благодарност изразувам и до организаторот и спомагателот на настанот, Здружението за спорт и рекреација “Прв до Врв”, Скопје и Сава Осигурување АД Скопје, кои ја спознаа Дебрца , како извонредно подрачје за организација на еден ваков настан.-напиша Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца, на неговиот официјален фејсбук профил.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град