Започна втората фаза од ревитализацијата на куќата на уранија. И по градежните зафати куќата ќе ја задржи автентичноста, тврдат од завод и музеј.Објектот треба да биде готов до крајот на летната сезона.
Започна втората фаза од ревитализацијата на куќата на уранија. И по градежните зафати куќата ќе ја задржи автентичноста, тврдат од завод и музеј.Објектот треба да биде готов до крајот на летната сезона.
Со статичкото зајакнување и ревитализација на куќата Уранија се продолжи и годинава. Во текот на 2008 год. заврши првата фаза кога беа изработени проектите и кога беше рушен кровот, првиот и вториот кат. Во моментов во тек е втората фаза која го опфаќа статичното зајакнување.
„Се зајакнуваат зидовите на ниво на подрум и приземје.Тие останаа оргинални и на тоа ниво всушност ќе продолжи обновата на објектот“, вели Тања Паскали директор на завод за заштита на спомениците на културата.
Куќата на Уранија според Паскали ќе биде иста како оргиналната. Сосема мали измени ќе има од јужниот дел од куќата.
За реконструкција на куќата на уранија министертвото за култура издвои 19 милиони денари. Овие средтства според директортката на заводот за заштита на спомениците на културата се сосема доволно за реализација на започнатото. Според плановите на заводот до крајот на летната сезона објектот треба да биде завршен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град