Врзете ги појасите, не чека интересна седница на Совет

Како работеле охридските јавни претпријатија, но и основните и средни училишта во градов?

 |  Мишел Наумоски  | 
sednica sovet
седница совет

Годишните сметки на јавните претпријатија под лупата на советниците. Утрешната четириесет и петта седница воглавно ќе мине во знакот на финансиите. Дваесет и пет точки се најдоа на дневниот ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид. Ќе се расправа околу годишните сметки и финансиските извештаи на охридските основни и средни училишта, кои по навика знаат брзо да бидат усвоени. Она што привлекува особено внимание, се годишните сметки и финансиските извештаи на охридските јавни претпријатија и тоа „Охридски Комуналец“, „Градски пазар“, „Погребални услуги“, „Градски гробишта“ како и „Билјанини извори“, „Нискоградба“-Охрид, и МЈП „Проаква“-Струга.

sovetnici OhridЌе се гласа и за предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за уредување на меѓусебните односи помеѓу МЈП „Проаква“ Струга и ЈП „Нискоградба Охрид“ од Охрид по основ на стекнати права и обврски. Ќе се гласа и за предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за отстапување на правото на одржување на дел од водоснабдителниот систем на подрачјето на општина Охрид од ЈП „Нискоградба Охрид“ на МЈП „Проаква“ Струга. Оваа точка уште вчера ги доби првичните реакции. Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“, Ваит Ајро, смета дека било погрешно што овие услуги првично биле одземени од МЈП „Проаква“, па оттука и оваа точка може да биде поле за плодна расправа. Секогаш интересни се дискусиите околу приходите кои ги остварила општината, но за советниците од опозицијата особено се интересни трошоците кои ги направила општина Охрид во претходната година. Кој што, коллку и за што потрошил, секогаш било плодна почва за расправа и препукување. Врзете ги појасите, не очекува интересна седница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top