Градовите пријатели на Охрид, со кои општината има потпишано договор за збратимување и одржува врски, се од голема важност за промоција на градот. Нашиот град соработува со 30 сетина градови од Европа и светот а од неодамна работи на меѓународни проекти од заеднички интерес со Веспрем, Велеград и Модра – Злински крај и Исео Италија.
Паркот на пријателството на потегот од Бела Виста до Парк или ќе биде вклопен , уреден и соодветно обележан при изградбата на третиот дел од новата модерна пешачка патека или ќе престане да постои. Паркот кој треба да симболизира трајно пријателство и соработка на Охрид со збратимените градови беше засаден на 8 декември 2012 година на патрониот празник на Охрид. Покрај секое дрвце стоеше обележје со натпис на повеќе збратимени градови. Паркот не заживеа, не се доуреди хортикултурно а во неколку наврати беше мета и на вандали. Но дали врските на Охрид со збратимените градови се развиваа подобро од симболичниот парк? Охрид има потпишано договор за збратимување со 13 градови, со уште толку има договор за протоколарна соработка и со 4 градови остварува соработка без потпишан договор. Целта е соработка и остварување заеднички интереси од повеќе области, како што е тоа, туризмот, економијата, културата, образованието, спортот итн.
„Целта на ваквата форма на промовирање на Охрид е да се продлабочат врските со градовите, со зачувување и презентирање на богатото охридско културно историско наследство, со учество на семинари, туристички или економски саеми, културно спортски манифестации итн“ – вели Џамтоски.
Џамтоски вели дека досега нема конкретен бенефит кој го има Охрид со збратимените градови, но може да се зборува за реализација на заеднички активности и проекти и взаемни протоколарни посети. Тука посебно ја истакна соработката со романскиот град Синаја.
„Со градот Синаја, двајца наши резбри односно изработувачи на ракотворби ќе учествуваат на 7 дневен семинар, се тоа ќе им биде платено. Тоа е уште една форма преку која ќе се презентира богатото културно историско наследство и Охрид. Интересна е и неодамнешната посета на новинарите и снимателите од националната телевизија од Далијан, која ја следат 10 милиони гледачи и која направи прекрасни репортажи за Охрид “ – изјави Џамтоски.
Најчесто гостите од збратимените градови доаѓаат за 8 ми декември кога општина Охрид го одбележува патрониот празник Св Климент Охридски. А исто така и претставници на нашата општина одат во возвратна посета по некој сличен повод. Градови со кои Охрид има потпишано договор за збратимување се Крагуевац, Инџија – Србија, Винковци, Трогир, општина Видовец – Хрватска, Пиран – Словенија, Волонгог – Австралија, Виндзор – Канада, Будва – Ц. Гора, Поградец – Албанија, Јалова, Сафранболу – Турција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град