Временското ограничување на пловидбата на скутери во Охридското Езеро стапува на сила денеска.
Временското ограничување на пловидбата на скутери во Охридското Езеро стапува на сила денеска. Во текот на денот, во периодот од 11 до 19 часот, скутерите нема да можат да сообраќаат по езерото зашто тогаш е најголема фрекфенцијата на капачи.
Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата на пристаништа на Република Македонија Горан Устијаноски. Одлуката за ограничено движење на скутерите ќе биде на сила до први септември годинава.
Чамците, пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град