Време е за зимски одмор

Туристичката Агенција „Елида- Турс“ ви нуди неколку хотелски капацитети, по цени достапни за сите. Да бидете гостин на хотелите и апартманите од групацијата „Bugariа Holiday“, не е луксуз, туку места кои ќе ве воодушеват и ќе ве натераат повторно да ги посетите.

 |  Николоска Биљана  | 
bansko
банско

banskoГрадчето Банско, Р. Бугарија, сместено е во најубавиот дел на Пирин планина. Негова местоположба нуди одлични услови за планински спортови и туризам. Она што е спeцифично за ова место е хотелската база која е надолго и нашироко распространета низ целиот град но и околу него. Приказната за развојот на туризмот во Банско, започнува со влезот на капитални инвестици за изградбата на елитни хотели, апартмани, населби за одмор и модерни трговски објекти. Најголемиот луксуз во туристичката понуда на ова место го нуди групацијата „Bugariа Holiday“. Туристичката агенција „Елида турс“, веќе неколку години ги промовира хотелите на „Bugariа Holiday“, конкретно хотелот „Катерино -СПА“ и Пирин голф кантри клубот, кој што опфаќа ресорт хотел со 5 ѕвезди, апартмани и голф терени. Првиот човек на агенцијата Елида Битрак вели дека пред се нудат квалитет, а понудата е достапна за сечиј џеб.

„Треба да потенцирам дека престојот е достапен за секого ние нудиме програми и хотелско сместување како и голф игри по пристапни цени“.

banskoЛуксузот кој го нуди Бугариа Холидеј а оној кој сака може да го доживее преку елида турс содржи СПА центар, отворен и затворен базен, фитнес сала, тениски игралишта, голф терени ресторан со камин, секоја вечер музика во живо и што уште не. Битрак засега е задоволна од интересот на охриѓани за капацитетите кои ги нуди во Бугарија. Нејзините очекувања за престојната зимска сезона се дека ќе има поголем интерес во споредба со минатата година.

„Долги години интерес постои и се згоелмува интересот бидејќи имаме големи интенции на рекламирање и промовирање“.

Неодамна Т.А. „Елида – Турс“, реализираше инфо тура со претставници од медиумите како и со претставници од други туристички агенции. Мора да се признае екскурзијата беше организирана на високо ниво а и времето послужи. Трите хотелски капацитети кои ги разгледавме, вклучувајќи ги и апартманите беа рај за очи и одмор за душа. А посебно бевме изненадени од прошетката низ голф терените на хотелскиот ресорт со пет ѕвезди „Пирин голф“.

banskoПоминавме низ 18 голф терени кои беа опремени со GPS системи, имаше и голф клуб како и голф академија. Местоположбата каде што е изграден и за прв пат минатата година пуштен во употреба хотелот „Пирин голф“, е прерасната во мини градче со шеталиште, трговски центар, брендирани продавници, галерии, вештачки езера. Очигледно во овој комплекс се е луксузно, освен цените. Но она што посебно треба да се каже за хотелите на групацијата „Bugariа Holiday“, е нивната стратегија и успешност во текот на целата година да бидат исполнети, како што кажа, Петар Зајков, претставникот на оваа групација.

Хотелите на  „Bugariа Holiday“, во своите сместувачки капацитети располагаат со 1500 легла. Зимската сезона во Банско наскоро ќе почне. Приказната за ова туристичко место е добар пример но и  порака за сите чинители на туризмот. За развој на туризмот не е потребно да се има само добар природен потенцијал, туку истиот да се искористи и соодветно понуди на светскиот туристички пазар.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top