Временските промени влијаат на здравјето на граѓаните

Невропсихијатрискиот  оддел во Охрид нема капацитет за да ги згрижи сите пациенти на кои тоа им е потребно. Бројот на пациентите кои доживеале мозочен удар во последно време е зголемен. Вработените се надеваат дека набргу ќе се прошири ова одделение.

 |  Јаковлева Лионела  | 
neuro
neuro

 

Бројот на пациентите кои доживеале мозочен удар, а се третираат на невропсихијатрискиот  оддел во Охрид,  во последно време е зголемен. Д-р Јулија Василевска вели дека за жал старосната граница се повеќе опаѓа, а најголема причина за тоа е современиот начин на живот. Одредено влијание имаат и климатските промени кои се повеќе ги чувствуваме. Температурните разлики влијаат и на здравјето на граѓаните.докторка

Д-р Василевска вели дека многу важно за да се заштитиме од ваквиот вид на васкуларни заболувања е превенцијата. Тоа подразбира рано откривање и третирање на покачениот крвен притисок, дијабетот, латентниот дијабет, како и детектирање и отстранување на психосоцијалните фактори и лоши навики како пушењето, гојазноста и др. Невропсихијатрискиот оддел во Охрид кадровски е добро екипиран, но недостасува простор бидејќи тука се згрижуваат пациенти од регионов затоа што во струшката болница нема ваков оддел.

Д-р Василевска се надева дека невропсихијатрискиот оддел во Охрид во блиска иднина ќе претрпи промени и ќе биде проширен како би можеле да ги згрижат и третираат сите пациенти на кои тоа им е потребно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top