Годинава, ниту една седница на Советот на општина Охрид, не е во знакот на советнички прашања,
Година дена Советот на општина Охрид нема одржано седница посветена на советнички прашања. Реалните проблеми на охриѓани, никако да дојдат на дневен ред пред нивните избраници. Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека повеќе од очигледно е дека не функционира механизмот со кој граѓаните доаѓаат до одговор на проблемот од кој се засегнати. Додава дека имаме себични седници каде се разгледува се, само не она што е од интерес на граѓаните.
„Нормално е дека оваа Локална власт барем според тоа како се однесува не води сметка за реалните потреби на граѓаните и затоа еден од инструментите, советнички прашања веќе подолго време го нема и тоа е уште еден од недозволливите удари врз демократијата во Охрид. Она што Охрид треба да го има е, треба да има одговор на прашањата и реалните потреби на граѓаните и заради тоа недоделувањето на овој инструмент советнички прашања на седница на Совет е уште еден минус на оваа Локална самоуправа, Охрид конечно треба да знае каде оди и да ги решава реалните проблеми а не да се занимава само со интерес на поединци и групи а не со интререс на јавноста“-вели Паноски.
Време е за советнички прашања, вели претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески. Тој посочи една од причините на што се должи досегашното чекање, за свикување на една седница од ваков карактер.
„За жал кај нас советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, тие прашања премногу ги експонираше во средствата за јавно информирање и на некој начин советничките прашања наместо да се чека да се закаже седница на Совет за советнички прашања тие се поставуваа преку медиумите“.
Останува, периодов што следи да очекуваме седница на Совет, наменета на советнички прашања, па да видиме од каков карактер ќе бидат истите, дали тоа ќе бидат од природа на интересите на граѓаните и нивните реални проблеми или приоритет ќе се даде на ДУП овите, извештаите на ЈП и сл. како би се надминале досегашните недоразбирања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град