2.500 евра можат да го кренат на нозе малиот Илче Василески, кој боледува од церебрална парализа.
Хуманитарен концерт во организација на Здружението на македонско – турско – српска соработка со цел да му се помогне на малиот Илче кој боледува од церебрална парализа. Случувањето е во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот, каде на хуманитарниот концерт ќе настапат познати имиња од македонската естрада. Златко Ратајкоски, потпретседател на ова здружение се надева на хуманоста кај луѓето и не ја губи надежта за малиот Илче.
Во Детско одделение при општа болница Охрид за малиот Илче немало место обвинува Ратајкоски и додава дека морале да ургираат до директорот на болницата за да му се пружи потребната помош.
Се наметнува прашањето што понатаму со малиот Илче доколку оперативните зафати што треба да му се направат во Детска клиника Скопје вродат со плод? Како што ТВМ веќе информираше, родителите на малиот Илче немаат пари ниту за храна, а камоли за потребната лекарска терапија. Мајка му Светлана тешко се соочува со оваа состојба, бидејќи и самата не може самостојно да живее и е неспособна за работа. Ратајкоски и тука ја нуди помошта на здружението и рече дека нивната грижа нема да изостане и понатаму.
Првите хумани луѓе веќе имаат дадено свој допринос преку купување на билети за концертот кои чинат 50 денари. Ги повика сите хуманитарни организации и сите институции во Охридско-струшкиот регион да допринесат, како би се собрале потребните средства кои не се многу, но доволни за да се спаси еден детски живот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град