Месниот огранок на Здружението на пензионери од Горна Влашка маала е еден од поактивните во Охрид. Иако формиран на почетокот од оваа година пенизонерите од овој реон имаат донесено програма со многу активности. Неодамна пензионерите одржаа средба на која беа присутни и пензионери од соседните месни ограноци од Видобишта и Васил Главинов. Присутни беа над 130 пензионери кои беа запознаети со нашите планирани активности за да се подобри животот на пензионерите, вели претседателот на Месниот огранок Горна Влашка Маала, Димче Стојкоски. „Се обидуваме на изнемоштените колеги да им помогнеме, побаравме пензионерите да се лечат во Костозглобна наместо во Струга, обезбедуваме храна и огревно дрво на рати“, истакнува Стојкоски.
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца преку формирањето на месните ограноци сака активно да ги вклучи луѓето од третото животно доба во општествениот животот преку разни форми. Членовите на месните ограноци работат волонтерски за да им помогнат во организирање на животот на своите пријатели и соседи.
Месниот огранок на Здружението на пензионери од Горна Влашка маала брои околу 180 пензионери, но со ова бројка не сме задоволни и би сакале во иднина помасовно вклучување на пензионерите вели Стојкоски.
На одржаната средба присуствуваа претседателката на Сојузот на пензионери Маринела Јовановиќ и претседателот на Здруженито Ѓорѓисс Трпчески. Средбата беше збогатена со богата културно уметничка приредба на која беа споени младоста и зрелата возраст.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град