Враќање на достоинството на професијата

Здружението на новинари на Р Македонија светскиот ден на слободата на печатот го одбележаа со протести.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Здружението на новинари на Р Македонија светскиот ден на слободата на печатот го одбележаа со протести.

Првиот човек на Здружението на новинарите во Македонија, рече дека со протестите ќе се бара враќање на достоинството на професијата.
На новинарите од земјава им се приклучија и 18 тина претставници од печатените и електронски медиуми од Охрид.

logoВраќање на достоинството на професијата се бараше во пет минути до 12. Роберт Поповски, првиот човек на Здружението на новинарите во Македонија вчера изјави дека целта е да се одбележи 3. Мај, Денот на слободата на печатот во светот, ден подоцна поради првомајските празници.„Одиме во 5 до 12, тоа е симболика.Македонија во почитувањето на слободата на медиумите се најде на 98 место, меѓу делумно слободните земји, се наведува во извештајот на „Фридом Хаус“.

„Протестот е на градскиот плоштад во Скопје, а не пред ниту една институција, затоа што упатуваме порака до сите оние оние коишто се обидуваат да ја загушат професијата“, објаснува претседателот на Здружението на Новинари на Македонија, Роберт Поповски.

На градскиот плоштад се собраа многу новинари од разни краеви од Македонија. Главниот збор го одржа Роберт Попоски, претседателот на ЗНМ. Тој потенцира дека судските казни се високи, ригорозни кон новинарите, и напомена дека во внатрешноста на Македонија, новинарите се соочуваат со поголем проблем. Тие неможат слободно да го  пишуваат она што сакаат, поради тоа што им го налагаат сопствениците на медиумите. Поповски овој протест го нарече дека е мал, но доволно голем за опомена.Но доколку и понатаму не се почитуваат правата на новинарите ќе има поригорозен штрајк.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top