Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вечерва во куќата на Уранија на лауреатот бугарскиот академик Светлин Русев му ја врачи Светската наградна на хуманизмот за 2014 год.
Во предвечерјето на Водици, на свечена церемонија во куќата на Уранија, градоначлникот на Охрид, Никола Бакрачески ја додели Светската награда за хуманизмот 2014 год. Добитник на престижната награда е истакнатиот бугарски сликар академик Светлин Русев, за сите негови посебни достигнувања во уметноста и хуманизмот. Бакрачески со посебна почит кон добитникот истакна, да се додели награда на човекот чии сликарски дела се ризница за целиот свет е голема чест.
„Ми причинува посебна чест и задоволство што сум избран да ја доделам оваа престижна награда на академикот Светлин Русев. Без сомнение се работи за еден уметник од светски ранг и јас сум среќен што Охрид претставува седиште на Охридската академија за хуманизам што претставува еден вид на продолжување на традицијата на Светите Кирил и Методи и секако на Св. Климент и Наум.“
„Ако светот на недофатливото, невидливото, емоционален и духовен свет е мистика, тоа секогаш било дел од мене од стремежите да проникнам во неговата таинственост и вечност. Во оваа смисла вистински предизвик за уметникот е да го постигне и материјализира во уметноста овој нематеријален свет, што го нарекуваме духовен.“ Горд сум што вечерва на врачувањето на Светската награда за хуманизам 2014 година, овие зборовите одекнаа во куќата на Уранија во Охрид истакна амбасадорот Јордан Плевнеш.
„Вечерва во Охрид се случува настан кој би можел да биде означен како Балканска духовна пиктурална и хумна револуција бидејќи во Светиклиментовата средновековна школа на хуманизмот влегуваат вашите слики академик Светлин Русев и духовното единство меѓу Македонија и Бугариј влегува во европските и светски трезори, вечерва пеат во вашите бои црковните хорови.“
Академик Светлин Русев посебно се заблагодари на Јордан Плевнеш, според него неуморниот пратеник на хуманизмот, како и на останатите високи претставници од Франција, Бугарија и Македонија, кои вечерва во куќата на Уранија присуствуваа н овој голем настан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град