Наградата Григор Прличев свечено му беше врачена на Петре Бакевски.
Наградата Григор Прличев свечено му беше врачена на Петре Бакевски.
„Навистина се чувствувам горделиво дека сум поетски потомок на вториот Хомер, на човекот што високо го воздивна Македонскиот дух и среде Атина ги порази тогашните најголеми Грчки поети“, рече добитникот на наградата Григор Прличев.
Со изложба на ликовни дела од колекцијата на центарот за култура „Григор прличев“ денеска започна престижната културна манифестација „Прличеви беседи 2009“.
„Голема чест и признание е да се добие наградата Прличеви беседи. Ако постои врв во Македонската традиција во големиот дострел на макдонскиот дух тоа е Григор Прличев“,рече Петре Бакевски добитник на наградата Григор Прличев.
„Неговиот Сердар, неговиот Скендербег се култни дела кои се предизвик за секој современ македонски поет. Особено за мене тоа беше животен сон, да напишам поема која ќе триумфира на овој возобновен конкурс што го носи славното име на Григор Прличев“-изјави Бакевски.
Во рамките на свеченостите беше претставена нагрдената поемата „Атлантида“, а на авторот му беше врачена нагрда во вредност од 1500 евра што ја доделува издавачката куќа „Просветно дело“. „Тоа е навистина голема обврска кога една награда го носи името на Григор Прличев“, рече академик Митко Маџунков, кој даде осврт за поемата Атлантида, а одржа и беседа за ликот и делото на Григор Прличев.
Во рамките на активностите предвидени за годинашната манифестација Прличеви Беседи, вечерва е традиционалната охридска визита. Утре на гробот на Прличев ќе се одржи Панихида, а ќе се промовираат и монографијата „Охрид културно и духовно богатство и екекронското издание на книгата „манастир Св наум Охридски“ проекти на МС „Прософт“.Организатори на Прличевите беседи се националните установи Ценатар за култура и библиотека со финансиска подршка од Министерството за култура и во соработка со локлната самоуправа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град