Вработени во ЦЈЗ Охрид: И ние сме Сашо Точков. Разрешете не!

Откако со одлука на Министерството за здравство од функцијата раководител на Центарот за јавно здравје во Охрид е разрешен Сашо Точков, на негово место, како в.д директор е назначен д-р Ѓоко Константиновски, интернист во ЈЗУ Општа Болница Охрид. Дел од вработените во Центар за јавно здравје Охрид преку отворено писмо до јавноста искажаа поддршка за Точков.

 |   | 

Со одлука на Министерството за здравство на Република Македонија, од функцијата раководител на Центарот за јавно здравје во Охрид е разрешен Сашо Точков. За в.д директор на здравствената установа е назначен д-р Ѓоко Константиновски, лекар специјалист интернист во Општа Болница Охрид. Од Министерството не наведуваат детали за причините кои довеле до смена на Точков од раководната функција.
Дел од вработените во Центарот за јавно здравје Охрид преку отворено писмо до јавноста искажаа поддршка за Точков.


„Веројатно никој не е свесен што ни се направи со разрешувањето на Сашо Точков од функцијата Директор на Центар за јавно здравје Охрид. Овој текст го пишуваме со преголема тага, гнев и револт, но со многу љубов и огромна поддршка за човекот кој цел свој работен век, а посебно изминативе неколку години од позиција на директор даваше огромен дел од себе и придонесуваше кон здравството на локално, но и на национално ниво. Со овој чин, во нас се скрши се во што ние верувавме, згасна нашиот ентузијазам, вербата во подобро утре.Сашо е вистински човек, хуман, чесен, посветен, визионер, препознатлив и потврден од целата заедница. Како професионалец, секогаш на ниво на задачата. Како менаџер и лидер: никогаш не сме имале некој како него без штедење и без срам да учествува во секој процес и да помага на секоја позиција и на секој вработен. Повеќето сме преку 20 години вработени во Центар за јавно здравје Охрид и сме имале многу директори, но ваков препород како последните 3 години Центарот за јавно здравје не доживеал. Денес Сашо Точков не е веќе директор на Центар за јавно здравје Охрид. Неговата загуба е минимална. Оние што губат сме ние, неговите вработени. Губи Охрид! Губи секој охриѓанец кој верува дека вистинскиот пат е патот на трудот и чесноста!, се вели во дел од писмото. Се потенцира дека ставовите во писмото се емотивен исказ на вработените и не се поврзани со ниту една политичка формација, групација или било каква организација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top