„Сакаме плата“, категорични се вработените од ЈП Комунално Струга.
Ова не е политичка борба, туку борба за нашите социјални права, велат од штрајкувачкиот одбор. Својот револт штрајкувачите денеска го изразија пред дирекцијата на ЈП во градскиот пазар и истиот не само новинарите туку го слушна и директотот лично, кој додека вработените штрајкува на само пет шест метри од нив, мирно пиеше кафе. 60 % од вработени штајкот во кој си ги бараат своите плати го отпочнаа на 03.мај. Од штрајкувачкиот одбор тврдат дека и покрај притисокот и мобингот кон вработените од страна
на раководството на ЈП со цел да се откажат од своите синдикални права и барања, сепак тие излегоа масовно и го поддржаа штрајкот.
„На 08.05 на воља на штрајкувачкиот одбор и во согласност со вработените беше потпишана спогодба со директорот на ЈП Комунално и покрај тоа што во спогодбата стои дека штрајкот ќе биде прекинат врз база на спогодбата да се исплатат две линеарни плати од по 10 000 денера за февруари и март за сите вработени разликата за месец феврусти да биде исплатена до 25,05 вработените ќе отпочнат со работа веднаш по исплатата на овие средства. Еве денес на 14.05 средствата не се исплатени со изговор дена нема средства,а се ангажираат други фирми за расчиствување на сметот“, вели престедателот на штрајкувачки одбор Борче Мижимакоски.
Мижимакоски признава дека вработените на ЈП се изиграни и од страна на градоначалникот Рамиз Мерко. Тој открива дека градоначалникот досега не исполнал ништо од она што им го ветил.
„Со градоначалникот имаме потпишано спогодба на 21.05.2009 год. со печат од општина и од синдатот дека е потврдено дека ќе бидат исплатени до крајот на 2009 год. но повторно ништо од тоа. На почетокот на 2010 год. покаќени се цените на комуналните услуги за 100%, а со тие покачувања се пресметуваше дека фирмата ќе тргне по нагорна линија со поголем прилив на средства и наплата од 70 до 80 %, но за жал тоа повторно не се случи. Напротив во 07 месец 2010 год, на вработените оние кои ја вршат најгнасната работа платата им беше намалене од 3000 до 5000 денари со изговор дека сме земале најголеми плати во Македнија што е манипулација“, вели престедател на штрајкувачки одбор, Борче Мижимакоски.
Вработените се прашуваат каде се трошат парите кои се слеваа во ЈП, затоа што цените на услугите се зголемиле за 100%, а платите кои треба да ги примет вработените значително се намалиле.
„Директорот тврди дека општината ни должи 370 000 евра, а грдоначалникот изјавува дека нема долг према ЈП. Кој лаже?, или и двајцата манипулираат со вработените и јавноста“, додава Мижимакоски.
Мижимакоски открива дека со потпишаната спогодба им било ветено дека веднаш ќе им се исплатат платите, а вработените ќе отпочнат со работа по исплатата на средствата. Едно е сигурно, а тоа е дека до денес од сето ова нема ништо. Вработените се очајни. И директорот на Комунално и градоначалникот Мерко веќе од поодамна им преминаа преку прагот на трпението. Загрижува тоа што на повидок нема решение за проблемот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град