Преговорите кои една година безуспешно се водат помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура денес кулминира со генерален штрајк.
Преговорите кои една година безуспешно се водат помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура денес кулминира со генерален штрајк.
Во средните и основните училишта денес немаше настава, градската библиотека не издаваше книги, а во градинките само се згрижуваа децата без воспитна содржина.
Претседателот на Општинската организација на СОНК, Љубомир Јанкулоски вели дека барањата се точно дефинирани и нема да одстапуваат од нивното исполнување.
„Барањата се реални не станува збор за високи суми, а Владата може да ги исплати“ вели Јанкулоски.
Утрово штрајкуваа сите образовни и културни институции како што беше најавено пред две недели, а со исклучок на ОУ „Дебрца“ од Белчишта.Бојкотот е од нејасни причини иако штрајкот беше навреме најавен кај ресорното министрество, директорите и градоначалниците на Охрид и Дебрца вели Јанкулоски.
Директорот на ОУ „Дебрца“, Весна Шопоска не беше достапна да објасни зошто не го подржуваат штрајкот.
Од СОНК не се плашат од владините најави за отказни решенија за оние кои ќе штрајкуваат. Вработените велат„ ги знаеме нашите права, штрајкуваме за себе, а не за некој друг. Откази, притисоци и попречувања во услови на штрајк не смее да има “велат членовите на СОНК.
Доколку не се исполнат нивните барања, вработените најавуваат превземање на порадикални мерки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град