21-годишен охриѓанец како касиер во спортска обложувалница противправно присвоил пари од прометот и дел од нив искористил да на VLT апарати, а дел ги давал на играчите кои во моментот биле присутни во обложувалницата. А во кругот на Општата болница во Охрид, 39-годишен маж бил каснат од куче скитник. Погледнете го најновиот СВР Билтен.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.
Тој, во периодот 02/03.11.2021 година, како касиер во спортска обложувалница во Охрид, противправно присвоил пари од прометот од кои, дел искористил да игра на VLT апарати, а дел ги давал на играчите кои биле присутни во обложувалницата. На тој начин, пријавениот го оштетил правниот субјект во вкупен износ од 568.886 денари – информираат од СВР Охрид.
А на 13.12.2021 година, Д.К.(39) од Охрид во надлежната полициска станица пријави дека во кругот на Општата болница во Охрид бил каснат од куче скитник.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град