По пауза од 15 години, на сцената на Центарот за култура, ансамбли од градов и Македонија повторно ќе пеат староградски песни.
Се возобнови фестивалот на староградска песна. На сцената на Центарот за култура , по пауза од повеќе од 15 години, ќе се одржи вечер посветена на староградскиот мелос. Ќе настапат ансамбли од градов и земјава.
„Годинава фестивалот ќе биде една вечер. Ќе има богата програма, ќе настапат ансамбли кои ја негуваат староградската песна. Од охридските ансамбли ќе настапат возобновената пејачка група Ахрида и Езерски вез“, вели Боцевска.
Охридските староградски средби датираат од 1975 година, но фестивалот згаснал на почетокот на девеесеттите. Годинава се возобновува од страна на Центарот за култура Григор Прличев, а со подршка од Министерството за култура.
„Се надеваме дека ќе пробудиме интерес. Програмата ќе биде богата и дека посетителите ќе сакаат повторно да се одржи и идната година“, потенцира Боцевска.
Фестивалот Охридски староградски средби ќе започне во петок во 18 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: Градски плоштад и Стар Чинар. Два часа подоцна, во Центарот за култура ќе започне вечерта посветена на староградскиот мелос.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град