Возниот парк на СВР – Охрид збогатен за десет нови полициски возила

Станува збор за возила од типот  „Шевролет-спарк“ кои се само дел од стоте нови полициски возила “шевролет спарк“ кои по тендерската постапка од април годинава, беа набавени за потребите на секторите за внатрешни работи при МВР.

 |  Голабовски Крсте  | 
spark
спарк

Десет нови возила  и за потребите на Секторот за внатрешни работи од Охрид. Од нив, по две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево а едно на полициската станица во Дебар. Во Охрид ќе останат пет возила за потребите на охридската полициска станица односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Новите возила „Шевролет-спарк“ што значително го подновија возниот парк на СВР Охрид, веќе се ставени во функција на целото подрачје за редовно извршување на полициските активности.

sparkВозилата што се во полициска изведба, покрај уредите за звучна и светлосна сигнализација, имаат целосно вградена современа и неопходна полициска опрема како и нивно сервисирање во наредните три години додека трае договорот . Со нивната употреба значително ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на полициската служба.       

Исто така, од МВР информираат дека понудувачот е обврзан за минимум гарантен период на возилата: на мотор и подвозје минимум 36 месеци на надворешен лак  3 години и на каросеријата од корозија 12 години. Покрај ова трошоците за одржување за сервисирање и потрошен материјал исто така се на товар на понудувачот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top