На патниот правец Охрид Св. Наум има одрони на коловозот. Од Македонија пат ветија дека ќе го решат овој проблем
Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.
Еден од нив вели:
Секојдневно поминувам овде и тоа по неколку пати бидејќи живеам во Пештани. Многу е опасно. Се чудам како досега не се случила некаква несреќа. Надлежни за одржување на овој патен правец се од Македонија пат- секција Охрид. Тие пред пет години поставија заштитна мрежа на овој потег, но очигледно со тоа не се реши проблемот. Раководителот на оваа секција, Јован Митревски ни рече дека уште утре ќе испрати екипи да го расчистат теренот.
Но, реакцијата беше побрза од очекуваното, веднаш после нашата посета и разговорот кој го направивме во кој им предочивме дека возачите се жалат поради намалената безбедност во сообраќајот, работниците пристигнаа и почнаа со расчистување.
Иван Тасески рече дека камењата ќе ги отстранат рачно и со лопати, но додаде дека им е потребна и механизација за кревање на поголемите карпи. Тасески објасни дека мрежата треба да се отстрани и повторно поцврсто да се постави како би се зголемила безбедноста од одроните.
Само да потсетиме дека пред два дена одроната карпа беше смртоносна за триесет и осумгодишниот Арџент Бајрами кој со сопругата и синот патувале за Дебар, во посета на родителите. Несреќата се случила на патниот правец Скопје- Дебар. Возачите велат да не дозволиме и кај нас да се случи нешто вакво и апелираат до надлежните посериозно да му пристапат на овој проблем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град