Воска Спорт силите ќе ги одмери со екипи од Прва и Втора лига

 

Раководството на новиот второлигаш Воска Спорт заврши фантастична работи во трансфер периодот, затоа што тимот го засили со бројни квалитетни фудбалери со долгогодишно прволигашко искуство, а со тоа покажува дека нема намера да има епизодна улога во деби сезоната во ВМФЛ-Запад.

 |   | 

Клубот од „Грашница“ откако направи целосна реконструкција на својот тим, го скрои и планот за пријателските натпревари кои ќе му послужат за брусење на формата на момците на Раде Цицмиловиќ.

Првата контролна средба, Воска Спорт ќе ја има на 22 јули против второлигашот Братство Житоше. Три дена подоцна ќе се сретне со прволигашот Борец, а на 31 јули со Македонија Ѓорче Петров. На 4 август е закажан меч со Кораб, а потоа следуваат натпреварите со Тетекс (8 август), Охрид (11 август) и Победа (14 август).

Новата сезона во второлигашката конкуренција стартува на 21 август. Екипите учеснички се познати, но сеуште не е извршена ждрепка за првата рунда и тековната сезона.

 

 

Извор:Гол.мк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top